Стивен Џерард и дефинитивно ја заврши својата кариера, соопшти денеска долгогодишниот англиски репрезентативец. Тој пред десетина дена и официјално си замина од ЛА галакси, во меѓувреме доби неколку понуди за краткорочни договори до крајот на сезонава, но легендата на Ливерпул реши дека е дојдено времето да се обесат копачките на клин.
– Дојде време да се каже збогум. Се чувствувам среќен што имав можност да уживам во бројни прекрасни моменти низ мојата кариера. Благодарен сум за секој момент на радост што го доживеав како член на Ливерпул, ЛА галакси и на англиската репрезентација – изјави 36-годишниот Џерард, чиј најголем успех дефинитивно е освојувањето на титулата во Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година.
Тој не крие дека својата иднина ја гледа во тренерската функција, пред неколку дена ја одби понудата на МК Донс, а според последните информации Џерард сигурно ќе добие шанса во Ливерпул, единствената дилема е дали тоа ќе биде во стручниот штаб на Јирген Клоп или пак некоја висока функција во Академијата на Ливерпул.
Стивен Џерард одигра 710 натпревари за „црвените“ притоа овојувајќи осум трофеи, но не успеа во остварувањето на големата желба, со Ливерпул да стане шампион во Премиер-лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош
-
Државна пензија за сите граѓани на Македонија: Еве колку ќе изнесува и како ќе функционира