| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Мечот против Татран ќе биде извонредно тежок, но оптимист сум

lino-cervar

Триумф во СЕХА лигата и пораз во Лигата на шампионите има Металург над Татран Прешов, тим против кој одново ќе си ги пресмета силите во елитното клупско натпреварување на домашен терен в недела. Тренерот на македонскиот вицешампион, Лино Червар, вели дека само со добра одбрана Металург може да се надева на позитивен резултат.

Червар ќе биде со ограничена ротација во отсуство на Младеновиќ и Драгаш, а настапот на Нелоски е неизвесен поради болки во грбот. Дополнително неизвесен е и настапот на Велковски кој се повреди во вторникот.

„Продолжува Лигата на шампиони. Имаме три натпревари за краток период. Во неделата игравме во Норвешка, па СЕХА и сега во недела против Татран. Знаеме дека ова е многу сериозен противник. Таму загубивме иако добро го отворивме натпреварот. Очекувам тежок натпревар. Мораме да се подготвиме добро за нивната одбрана, ако сакаме нешто да направиме мораме да ги надиграме во одбраната. ВО Елверум одбраната ни беше одлична, а потоа паднавме. Дадовме многу голови, но можевме помалку да примиме. Ќе биде важен и нивниот одговор на нашата игра. Важно е и дали состојбата на Велковски ќе се поправи. Во последно време играме се подобро, но тоа не значи дека се ни е на место. Имаме проблеми и со концентрацијата и со шутевите. Тоа е, пред се, поради младите играчи на надворешните линии. Тоа не охрабвура да работиме така и понатаму. Не смееме да се подигнуваме многу, тоа е антимотивациско. Секој натпревар е нов. Играчите го разбираат тоа. Играме поагресивно и поатрактивно и тоа сите го забележаа. Сакам играчите кои играат во тимот и се кандидати за репрезентацијата да ги подигнам. Не е лесно, работиме напорно, бидејќи знам дека без работа нема ништо. Ме радува што и Талески играше подобро по потписот со РНЛ. Мора секој играч да биде концентрирам. Направивме чекор напред споредено со минатата сезона. Ние сме најмлада екипа во Европа и тоа добро за иднината. Ја повикувам и публиката да не поддржи во последниот натпревар на домашен терен оваа сезона во Лигата на шампионите, мора да го развиеме натпреварувачкиот дух. Ќе биде тежок натпревар, но оптимист сум – вели Червар.

Десната страна ќе биде ослабена, но Червар повторно ќе смета на Вања Илиќ кој е универзален бек.

– Зад нас имаме два тешки натпревари и многу сме истрошени, а во недела не чека уште еден тежок против Татран. Секој натпревар е ново докажување. Ао сме сконцентрираме во текот на сите 60 минути мислам дека имаме големи шанси да направиме голем чекор за сите нас – додаде Вања Илиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top