Секој трет Германец, или дури 34,7 отсто од нив, се чувствува како „странец во сопствената земја“ поради „муслиманската инфилтрација“, покажуваат новата студија на Фондацијата „Фридрих Еберт“, кој се поврзува со германската партија СПД, пренесуваат германските медиуми.
Четворица од десет Германци сметаат дека Германија ја поткопува исламот, покажува истражувањето за ставовите кон емиграцијата и религијата.
28 отсто анкетирани сметаат дека повеќе не можат да го „искажат своето мислење без да си направат проблеми“. Ист број луѓе сметаат и дека владејачките партии ги лажат гласачите.
Сепак, анкетата покажува и дека 56 отсто Германци целосно го поддржуваат прифаќањето на бегалците, а 24 отсто од нив делумно го поддржуваат нивниот прием во земјата.
Другите анкетирани се поделени околу ставот дека земјата веќе примила преголем број азиланти и ставот дека Германија веднаш треба да престане да прифаќа емигранти муслимани.
Истражувањето открива и дека Германија во моментов е во бурна политичка состојба, дека се одржуваат антимуслимански маршеви, дека е забележано насилство против бегалците и отворени пораки на омраза кон емигрантите.
Се истакнува и дека сè повеќе јакне радикалното јадро на луѓе, кои ја отфрлаат вообичаената политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.