Во кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, се одржа уште една работна средба на генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Кирил Божиновски и Андреј Петров, во врска со формирањето комисија за расветлување на настаните што се случија на 24 декември 2012 годинаи и пред тоа, со цел избор на претседател на комисијата.
Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, за претседател на комисијата го предлага академик Владо Камбовски, претседател на МАНУ, како угледен и авторитетен универзитетски професор по кривично право. Оттаму, ги повикуваат двете партии да се изјаснат по овој предлог, со цел формирање комисија за да се забрза и што поскоро да се почне со работа за да се исполни постигнатиот политички договор од 1 март и целосно фокусирање кон евроатлантските интеграции на Република Македонија, во пресрет на одржувањето на состанокот на Европскиот совет.
Јавното соопштување на предлогот на претседателот Иванов следува по низата претходно одржани средби и неуспешни обиди за постигнување консензус за избор на претседател на комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.