| четврток, 6 декември 2018 |

Ременски ја срами државата и пред меѓународните организации

Регионалниот синдикален совет „Солидарност“, кој ги обединува репрезентативните синдикати од земјите на поранешна Југославија (Сојуз на самостојни синдикати на Босна и Херцеговина, Унија на слободни синдикати на Црна Гора, Сојуз на самостојни синдикати на Хрватска, Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Сојуз на Синдикати на Македонија, Сојуз на слободни синдикати на Словенија, Сојуз на самостојни синдикати на Србија, Обединети грански синдикати Независност – Србија, Сојуз на синдикати на Република Српска ) упати остар протест до техничката министерка за труд и за социјална политика, Фросина Ташевска – Ременски за како што нагласуваат директно мешање во автономијата на синдикатот и обид за присилна и незаконска смена на легитимниот претседател Живко Митревски, пренесува „Денешен“.

Обидот за незаконска и нелегитимина и нелегална смена на првиот човек на ССМ со фалсификувани документи и исправи денови ја потресе македонската јавност. Овој чекор наиде на остра осуда од домашнатајавност. Покрај тоа овој случај се заканува да го загрози и имиџот на државата пред меѓународните синдикални организации откако техничкиот министер за спроведување на избори, Фросина Ташевска – Ременски се обиде незаконски да го смени претседателот на ССМ со фалсификати.

Синдикалната солидарност се покажува откако поддршка до Сојузот на синдикати на Македонија и легитимното избрано раководство стигна од Регионалниот синдикален совет „Солидарност“, кој ги обединуварепрезентативните синдикати од земјите на поранешна Југославија.

rtemenska-solidarnost

РСС „Солидарност“ испратил допис до испратен техничката министерката во кој се наведува:

-Регионалниот синдикален совет „Сигурност“, кој го сочинуваат најрепрезантивните синдикални централи од сите држави настани од подрачјето на поранешна Југославија (Сојуз на самостојни синдикати на Босна и Херцеговина, Унија на слободни синдикати на Црна Гора, Сојуз на самостојни синдикати на Хрватска, Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Сојуз на Синдикати на Македонија, Сојуз на слободни синдикати на Словенија, Сојуз на самостојни синдикати на Србија, Обединети грански синдикати Независност-Србија, Сојуз на синдикати на Република Српска ) ви упатува остар протест поради директно мешање во автономија на синдикатот и обидот за присилна административна промена на легитимно избраниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Таков на овие простори незапаметен антисиндикален чин,Министерството за труд и социјална политика на најгруб начин прекрши многубројни меѓународни документи, стои во дописот.

РСС напоменува дека со тој чин најдиректно се загрозува социјалниот дијалог, кој претставува, како што нагласуваат, фундамент на развој на ЕУ и во чијашто заедница Република Македонија сака да се интегрира.
„Солидарност“ упатуваат полна поддршка на колегите од ССМ и на претседателот Живко Митревски да истраат во борбата за зачувување на автономијата и заштита од секакво мешање.

За потсетување, претседателот на ССМ ја информираше јавноста дека Фросина Ташевска – Ременски и четворица претседатели на гранкови синдикати потготвувале негова смена на незаконски начин и прекуфалсификување на документација. Пред десеттина дена се одржала нестатурна седница на Советот на ССМ на која присуствувале само 4 претседатели на гранкови синдикати од вкупно 17. Тие иницирале отповикување на претседателот на ССМ со доставување фалсификувана исправа за одржана седница на Советот на ССМ до техничката министерка. Ташевска – Ременски веќе наредниот ден експресно надвор од своите овластувања, спротивно на Законот за работни односи, Статутот на ССМ, Деловникот за работа на Советот на ССМ и конвенциите на Меѓународната организација на трудот донесе решение со кое бара смена на легитимниот избран претседател. Според законски утврдените процедури, техничката министерка требала да ја исконтролира поднесената документација, која во овој случај била некомплетна бидејќи не била потпишана соодветно од надлежно лице и немала ниту соодветен печат ниту архивски број од Сојузот на Синдикатите на Македонија. Дополнително техничката министерка не ја утврдила соодветната фактичка состојба и не бил земен предвид основот за промена на овластено лице за застапување на ССМ во согласност со Статутот на ССМ.

Ташевска – Ременски вчера одржа прес-конференција на која, меѓу другото, ги коментираше случувањата во Сојузот на синдикати на Македонија. Од изјавата на техничката министерка се согледува дека знаела и била вклучена во организираната незаконска и нелегална смена на Митревски. Со тоа Ташевска – Ременски сторила неколку кривични дела според одредбите од Кривичниот законик за кои ССМ поднесе кривични пријави. Според информации на „Денешен“ од анонимни извори во Јавното обвинителство, кривичните пријави веќе се разгледуваат, но и се преземени првите мерки. Имено, целосно е земен предметот од Централниот регистар и е запрена постапката за упис на промените што се направени во незаконска и нелегитимна процедура со фалсификат.

Почнати се други дејства за утврдување на фактичката состојба со земање изјави од инволвираните лица, пишува порталот.

Во овој случај се направени повеќе кривични дела како: кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и пречекорување службено овластување што преставува кривично дело утврдено во член 353 од Кривичниот законик, кривично дело договор за извршување кривично дело казниво и по член 393 и по член 394 за злосторничко здружување од Кривичниот законик, кривично дело фалсификат на исправи во согласност со член 378 од Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top