Една од најпознатите комичарки на светот Елен Деџенерис и нејзината сопруга Порша де Роси наводно се разведуваат по шест години брак.
Деџенерис (58) и Порша (44) наводно одлучиле да стават крај на својот брак.
– Се расправаат поради проблемите на Елен со алкохолот и со бесот – наведуваат блиски извори.
Комичарката има имот вреден 35 милиони долари и се очекува дека ова ќе биде еден од најскапите, но и највалкани разводи во Холивуд.
– Порша сака семејство и деца, а Елен не сака да чуе за тоа. Опседната е со контрола на нивните животи и кариера, а Порша не сака веќе да го трпи тоа – заклучува изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.