Официјалното известување на тимот од Лондон е дека Френк Лампард го продолжил договорот на уште една година.
На почетокот на оваа сезона беше неизвесна судбината на играчот за врска, но синоќешниот освоен трофеј во Лигата на Европа и инпресивните игри во вториот дел од сезоната го натераа сопственикот на Челси, Роман Амбрамович, да му понуди нов едногодишен договор на Лампард.
Тој минатиот викенд стана најдобриот стрелец на „сините“ од Лондон, кој изјави дека е презадоволен од продолжувањето на договорот.
– Сите знаеја дека мојот сон беше да останам играч на Челси. Преговорите траеја долго, но секогаш беа пријателски. Сакам да му се заблагодарам на господинот Абрамович што мојот сон го претвори во реалност – изјави Френк Лампард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Абрамович ќе ги продаде најголемите ѕвезди, од Челзи си заминуваат дури девет играчи!?
-
Челзи нема да крене раце: Стравот од бројните понуди, ги натера „Плавите“ да подготват нов договор
-
Сака да го смени Лестер за Челси: Дринквотер поднел барање за трансфер
-
Конте открива колку килограми губи на секој натпревар (ВИДЕО)