Дел од патот во центарот на јапонскиот град Фукуока повторно е отворен за сообраќај, бидејќи вредните Јапонци веќе ја санираа гигантската дупка која пред неколку дена се отвори на раскрсница.
Типично за Јапонија, работниците работеле без да запрат, и ја затворија огромната дупка за само неколку дена.
Градоначалникот на Фукуока, Сиокиро Такашима вели дека сега тој дел од патот е 30 пати посилен од порано и дека стручен тим и понатаму работи на утврдување на причините за отворањето на дупката.
Дупката беше широка 30, долга 27 и длабока 15 метри. Причина за појава на дупката најверојатно е ископувањето на метро-станицата во близина.
Работниците во експресен рок ја наполниле дупката со 6.200 кубни метри песок и цемент, исто како што брзо ги санирале последиците од катастофата која му се случи на Јапонија по замјотресот во март 2011.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)