| четврток, 6 декември 2018 |

Шулц се повлекува од функцијата во Европскиот парламент

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави вчера дека ќе се повлече од функцијата и ќе се врати на политиката во неговата родна Германија.

Шулц, кој е член на Германската социјалдемократска партија (СДП), ја даде оваа изјава за телевизијата „А-Ер-Де“ и наведе дека денеска во Брисел ќе ги појасни деталите.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ пишува дека Шулц ќе ја предводи листата на својата партија во Северна Рајна Вестфалија на парламентарните избори кон крајот на 2017 година.

Шулц се смета за можна алтернатива на сегашниот министер за економија Зигман Габриел, кој е заменик-канцелар на Ангела Меркел.

Тој може да биде и кандидат за функцијата министер за надворешни работи, која ќе биде слободна во февруари, ако актуелниот министер на таа функција Франк-Валтер Штајнмаер стане претседател, како што се очекува.

СДП ќе објави кандидатот за канцелар во јануари.

Ангела Меркел ќе биде кандидат на другата партија во коалициската Влада, Христијанско-демократскиот унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top