Центарот за истражување на предисторијата (ЦИП) денеска организира предавања на познатите бугарски археолози Васил Николов и Крум Бачваров од Националниот институт за археологија при Бугарската академија на науките.
Во Археолошкиот музеј на Македонија тие ќе говорат за нивните најнови истражувања на предисториските локалитети во Бугарија и за епохалните откритија што значително ги менуваат познавања за тоа далечно време.
Предавањето на проф. д-р Васил Николов е на тема „Провадија – Солницата: предисториски градски и стопански центар за производство на сол“, а на доц. д-р Крум Бачваров е насловено: „Нова Надежда: предисториска и протоисториска населба на брегот на Марица“.
– Предавањата на бугарските археолози се вовед во меѓународната научна конференција „Неолитот во Македонија II“ каде што и тие ќе имаат свое учество. На конференцијата што ќе се одржи утре во Археолошкиот музеј на Македонија, ќе бидат презентирани новите сознанија на македонските и странските археолози за овој исклучително интересен предисториски период, соопшти ЦИП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Предавање на Лиса Нојберг во МСУ
-
МСУ: Предавање на Рикардо Пасони, директор на Галеријата на модерна и современа уметност во Торино