| четврток, 6 декември 2018 |

УМС во Гевгелија ги презентираше новите мерки од изборната програма „Реално“

neloski-640x363

УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија ја презентираше и разговараше за програмата за млади која е дел од изборната програма за претстојните парламентарни избори “Реално“. Претседателот на УМС, Владимир Нелоски од Гевгелија порача дека младите можат да бидат сигурни оти ветените проекти ќе бидат остварени.

– Доказ за тоа е фитнес зоната која што младите во Гевгелија веќе можат да ја користат , потоа проектот “Купи куќа за млади“, бесплатниот железнички викенд  и останатите проекти кои беа најавени во 2016 година, а се реализирани. Тука нема да застанеме во новата програма има над 50-на проекти за млади, рече Нелоски.

Денеска беа промовирани два нови проекти: државен аматерски турнир во мал фудбал и проектот ораторски вечери за млади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top