На сите овие лаги, на сите овие шарени дестабилизатори да им покажеме на 11-ти дека граѓаните на Република Македонија ќе гласаат за свое раководство, за своја влада и дека оваа држава нема да ја водат амбасадори, рече на митингот пред кавадарчани лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски.
– Се собравме вечерва заедно за да дадеме подршка на Република Македонија. Историјата ни кажува каде сме, од каде потекнуваме, кои битки сме ги воделе, кои сме ги загубиле, кои сме ги добиле. Но, националниот и општиот интерес кога е загрозен исто така историјата не учи да правиме сојузи. Треба да се здружуваме, ние се здруживме 24 политички партии за одбрана на Република Македонија, затоа што Република Македонија е загрозена и од внатре и од надвор, истакна Јакимовски.
– Тие што ја загрозуваат од внатре се викаат „шарени револуционери“, тие што ја загрозуваат од надвор се викаат „чадор“ им го знаеме точното име и презиме. Се обидоа со црно сценарио, најпрвин со пуштање бомби, мислеа дека сме ние граѓани и народ без идентитет, без свое ја и толку лесно како овци на сол ќе тргнеме по нивната мамка. Очигледно дека не успеаа, очигледно овие граѓани на Република Македонија знаат да размислуваат со своја глава, знаат кој се бори за интересите на Република Македонија, знаат кој ја дава подршката на земјоделците, знаат кој ги почитува пензионерите, кој ги зголемува пензиите, знаат кој ги зголемува платите во администрацијата, знаат кој гради инфраструктура, знаат кој го поодржува спортот, кој гради спортски сали, знаат кој најмногу ја афирмира Република Македонија, кој најмногу донел инвестиции во Република во Македонија и така лесно македонските граѓани, почитувани пријатели неможете да го излажете, рече во своето обраќање на митингот во Кавадарци лидерот на ГРОМ.
– Се обидувааат да водат политика, политика на продажба на националните интереси на Република Македонија. Гледаме дека немаат своја идеологија, па секоја партија во светот на 4 гогини прави конгрес, одредува таргет, одредува стратегија, тие за 54 години имаат 21 конгрес одржани, затоа што немаат идеологија, затоа што немаат своја стратегија и последното што е најбитно тие немаат економија, затоа треба власта во Република Македонија треба да ја имаат оние кои што знаат да ја водат оваа држава, додаде Јакимовски.
– Од овие „шарените“, „најшарениот“ мала му беше Македонија да не резили па отиде во странство да прави интернационален резил, да ни кажува од Швајцарија дека ние овде Македонците сме најголемиот проблем на Балканот, дека ние сме виновни за сите проблеми што ги има на Балканот. Јас момче сакам да прашам дали кога ќе одеш во Белград кај српските владики ќе кажеш „не постои македонска православна црква“ за да тие бидат во право а ние да бидеме криви, дали ќе кажеш да го тргнеме ГГ Стефан и архиепископ да биде Вранишковски, дали на тие што ни го оспоруваат јазикот ќе им кажеш ние не зборуваме македонски, дали на тие за да бидат во право и да ги направиш среќни што ни го понуштуваат идентитетот ќе им кажеш ние не сме Македонци. Е па неможе, неможе така ние на сето ова ќе се спротиставиме затоа сме собрани овде во Кавадарци да дадеме подршка на просперитетна Македонија, истакна Јакимовски.
– На сите овие лаги, на сите овие шарени дестабилизатори да им покажеме на 11-ти дека граѓаните на Република Македонија ќе гласаат за свое раководство, за своја влада и дека оваа држава нема да ја водат амбасадори, туку ќе ја водат раководители избрани од народот од граѓаните на Република Македонија, гласајте за „Коалицијата за подобра Македонија“, подвлече лидерот на ГРОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кривична пријава за Јакимовски и четворица негови соработници