– За да се спроведе идејата „Швајцарија на Балканите“ која ја заговара Заев, во Швајцарија имаме Германци, Италијанци и Французи, но немаме Швајцарци како етникум, за во Македонија да се спроведе таа идеја, би требало Македонија да се вика Република Македонија, а во нејзе да живеат Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, и ние кои би требале да имаме друг идентитет. Или да има: Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, но државата да носи друго име, вели аналитичарот НИкола Србов во своето денешно гостување во Радио Слободна Македонија.
Тој вели дека во кантонизирана држава името на државата не смее да се спојува со еден од етникумите, за да бидат сите подеднакви.
– Пример е Југославија. Во СФРЈ имавме Срби, Хрвати, Македонци, Бошњаци, Словенци, но немавме Југословени како етникум. Во таква федерација, во кантонизирана држава не треба еден народ да се поистоветува со името на државата бидејќи тој народ секогаш ќе биде над другите во државата. За да го спроведе тоа Заев, треба или да го смени името на државата, или да ги обезличи Македонците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)