| четврток, 6 декември 2018 |

Мобинг, закани, мизерни услови и плата од 8000 денари во фирмите на Заеви

Сите овие податоци покажуваат дека Заев ги потценува луѓето, мислејќи дека ќе поверуваат на секоја лага која е спремен да ја каже во очигледен очај знаејќи дека ќе загуби, очајувајќи за секој глас, макар и добиен на лага.

Десет години Зоран Заев имаше можност пред своите работници, во своите фирми да покаже на дело дека е сериозен и одговорен политичар и безнисмен. На човек, чиешто семејство вработува безмалку илјада луѓе, не му е потребна кампања, доколку она што го зборува и го спроведува, најпрво во својот дом. Зоран Заев за овие десет години, додека е на чело на Струмица, создаде јасна слика за себе, за своите искрени намери и сериозни планови за живот во Македонија. Човекот кој прашува „Живот ли е ова“ на луѓето вработени во фирмите на неговото семејство им обезбедил едвај 8000 месечни примања, и работа во мизерни услови, без основни хигиенски стандарди.

Вака Заев ја замислува „Швајцарија на Балканите“ ако се суди по мизерните услови и мизерните плати на работниците што им ги обезбедува во неговите семејни фирми и фабрики.

zaev-pamflet

Платата што им ја исплатуваат фирмите на Заев на своите вработени не поминува 9.000 денари, односно изнесува околу 150 евра. При тоа станува збор за просечна плата во фирмите, додека минималната е уште помала. Наспроти ова, политичарот Заев ветува просечна плата од 500 евра.

„Просечна плата од 500 евра, грантови од 10.000 евра за започнување бизнис, бесплатен деловен простор за сите старт ап компании и евтини кредити со еден отсто камата до 15.000 евра, 140 милиони евра директна помош за домашните компании за отворање нови работни места“, стои во програмата на СДСМ.

Со законска обврска државата да им наметне на стопанствениците минимална плата од 450 евра (27.600 денари), и тоа веднаш, гласеше главната мерка во проектот со кој Заев најавуваше враќање на „средната класа“ во Македонија пред изборите во 2014 година. Сега Заев ветува просечна плата од 500 евра и минималец од 16.000 денари.

mamas-zaev

Но, фотографиите од погоните за производство на ајвар во една од фабриките на Заеви не го говорат тоа. Прашањето кое се поставува е зошто во своите компании не го прави она што го ветува јавно. Заев, кој на цела Македонија ѝ ветува услови како во Швајцарија, на своите 820 вработени не само што не им дава „европска плата“, туку не им обезбедил ниту основни услови за пристојна работа.

zaev-mamas

Во погонот облепен со постери на СДСМ не се запазени ниту високите стандарди за хигиена при произвоствто на храна. На работничките не им е обезбедена ХТЗ-опрема, односно работни мантили, заштитна капа, ракавици, маски. Жените работат во маици и блузи во боја, кои не можат соодветно да се перат за да одговорат на строгите правила за работа со храна. Погонот каде што се пакува ајварот, е и магацин за потрошен материјал, што е исто така несоодветно, бидејќи се работи за прехранбен производ, кој мора да се произведува и да се пакува во строгоконтролирани стерилни услови.

Како што можете да видите од приложените фотографии, во фабриките на Заеви не се почитуваат стандарди.

Од друга страна, она што не се гледа, но за што сведочат вработените, се секојдневни закани, притисоци, уцени, психички тортури на кои се изложени од страна на работодавачите.

Заев ветува минимална плата од 16.000 денари, а на неговите вработени им дава по 8.000

pridonesi-640x662

Опозицискиот лидер Зоран Заев во предизборната кампања се расфрла со разни ветувања за зголемување на просечната плата во Македонија, иако фактите говорат за тоа колкава беше просечната плата кога СДСМ беше на власт, но и колкава е платата на работниците во фирмите на Заеви.

Заев пред граѓаните сега ветува просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 12.000 денари, која потоа ќе ја зголемел на 16.000 денари.

„Ќе поттикнеме раст на сите плати во Македонија, со што ќе ја покачиме и просечната плата покрај минималната плата. Просечна плата од 30.000 денари е она кон што целиме. Најниската плата прво ќе биде зголемена на 12 илјади денари а ако идната влада не успее до крајот на мандатот да ја зголеми минималната плата на 16 илјади денари, ич да не се појавува следниот пат пред гласачите“, вели Заев.

 

Просечната нето плата за периодот 2006-2016 е зголемена за 63%, бруто-платата за 40%

zaev

Нето платата во август 2006 година изнесуваше 13.718 денари, додека десет години подоцна, македонските граѓани имаат значително поголеми примања и истата изнесува 22.294 денари. Дополнително, во 2006-та година многу повеќе од бруто платата одеше за персонален данок и придонеси, а сега повеќе оди за нето-плата на работникот.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август годинава изнесува 22.294 денари, и во однос на август лани е зголемена за 1,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво, за 10,1 процент, административни и помошни услужни дејности, за 6,6 проценти и преработувачка индустрија за 4,3 проценти.

Од друга страна, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август годинава изнесувала 32.789 денари.

Колкава беше просечната плата во 2006 година

plata

Според податоците на Државниот завод за статистика просечната исплатена нето плата за август 2016 изнесува 22.294 денари.

Само за споредба, според податоците на ДЗС, месечната исплатена нето плата во 2006 изнесувала 13.718 денари. Споредбено во периодот 2006-2016 просечната нето плата е зголемена за 63%.

Исто така ДЗС објави податок дека месечно исплатената бруто плата во август 2016 изнесува 32.789 денари. Во 2006 година вруто-платата изнесувала 23.434 денари според ДЗС. Ова значи дека во периодот 2006-2016 просечната бруто плата е зголемена за 40%.

Дополнително, во август 2016 година само 1,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата, додека во истиот месец пред 10 години, дури 15.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Сепак, наспроти ваквите ветувања, фактите говорат дека просочната плата од 30.000 денари која сега ја најавува лидерот на СДСМ кога неговата апртија била на власт изнесувала нешто повеќе од 13.000 денари. Просечната нето-плата во периодот 2006- 2016 е зголемена за дури 63 отсто, додека просечната бруто-плата за 40 отсто.

Дополнително, во 2006 година многу повеќе од бруто-платата одеше за персонален данок и придонеси, а сега повеќе оди за нето-плата на работникот.

Граѓаните се сеќаваат на матрицата по која работи Заев, особено онаа армија граѓани кои останаа без работа во транзицискиот период благодарение на слаткоречивоста на Црвенковски и Шеќеринска, менторите на струмичкиот газда.

Тие ветуваа дека нема да остане семејство без барем еден вработен член, но од нивните ветувања останаа само горчливи сеќавања, празни усти, растурени семејства и разорени човечки судбини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top