Вчера околу 06,45 часот на регионалниот пат Велес-Градско, кај с.Ногаевци, се случила сообраќајна незгода помеѓу две товарни возила, „цитроен берлинго“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.К. (58) и сопатник Ш.Д. (55) и двајцата од Скопје, и „сканија“ со кумановски регистерски ознаки управувано од Р.И.(47)-с.Черкези-кумановско.
Возачот на „цитроенот“ и сопатникот се здобиле со тешки телесни повреди и биле префрлени во општата болница во Велес каде Б.К. починал, додека кај совозачот Ш.Д. се констатирани тешки телесни повреди и е надвор од животна опасност.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес. По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун