| четврток, 6 декември 2018 |

Или куршум во глава или продолжуваш да живееш – Марина Туцаковиќ за животната борба

marina3

Текстописецот Марина Туцаковиќ во декември 2008 година го изгуби синот Милош. Во едно интервју признала дека помислувала да си го скрати животот после таа загуба, но и дека и е најтешко во деновите кога се наближува годишницата.

-Најтешки ми беа првите денови. Некако времето прави рамнотежа. Можеби звучи сурово, но се свртев кон семејството, работата, пријателите…Не сум ни прва ни последна кому тоа се случило, ама ете, како сите, така и јас – раскажала Марина.

 

Таа понатаму вели дека тешко се носела со загубата.
-Пресков. Кога почина Милош, си го поставив прашањето:Марина, дали ќе ставиш куршум во глава или ќе продожиш да живееш?Избрав да живеам колку-толку. Буткам, се борам со тагата, но сепак живеам – рекла Марина во едно интервју.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top