Текстописецот Марина Туцаковиќ во колумна ја отворила душата и проговорила за семејната трагедија која ја доживеала.
Марина објаснила дека загубата на дете и создава на мајката толкава болка кој не може да се надмине. Таа за прв пат во медиумите зборувала и за тоа колку луѓето ја разочарале и дека има многу малку вистински пријатели.
Ви пренесуваме дел од нејзината колумна која ја објавил „Информер“.
-Луѓето лажат дека времето лекува се. Секој кој загубил некој кој многу го сакал, знае дека таа флоскула не е точна. Мајка никогаш не може да се помири со загубата на детето. Во некој момент сфаќаш дека така требало да биде но никогаш не ја наоѓаш причината. Се што ти останува е да продолжиш да живееш и работиш со тој товар, затоа што мораш. Поради посветеноста на работата верувам дека со време станав и ладна. Напорно е да ги дадеш и душата и телото. Сите станале бесчувствителни, а ниту јас не сум исклучок. Создадов ѕид, направив отпор. Човек одново и одново се разочарува од луѓето. Но имаше и такви колеги кои глумеа пријателство но всушност се било само интерес, а не беа покрај мене кога најмногу ми требаа. За нивните имиња ќе молчам за секогаш, затоа што кога би ги кажала тоа би значело дека се уште сум повредена, а тие тоа не го заслужуваат. Но не сум повредена, јас простувам и ги заборавам. Втора шанса за пријателство ретко давам. Но имам и вистински пријатели кои беа со мене и додека медиумите ме ставаа на столбот на срамот и зборуваа дека сум алкохоличарка. Не сум, напишала помеѓу другото Марина во авторскиот текст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Осаменоста е опасна, создава зависност – Марина Туцаковиќ ги замисли сите
-
Анастасија станува пејачка, првата песна ѝ ја напиша…
-
Или куршум во глава или продолжуваш да живееш – Марина Туцаковиќ за животната борба
-
Марина Туцаковиќ: Му посветив песна на мртвиот син, но не таа за која пишуваат медиумите