Иако се зборуваше дека авторката на најголемите хитови на естрадата, Марина Туцаковиќ посветила песна на својот покоен син, таа не сака многу да зборува за тоа.
Марина тврди дека песната „Илјада нули“ е нарачана и дека е пишувана за Хана, ќерката на Наташа Беквалац и на Данило Икодиновиќ.
Јавноста веќе со денови ги потпевнува стиховите за кои се појави информација дека се напишани за покојниот Милош, што дополнително стави сол на раната на Марина, која со години не зараснува. Марина вели дека не знае од каде е информацијата дека токму „Илјада нули“ е посветена на нејзиниот син.
-Воошто не е точно дека оваа песна е посветена на Милош. Тоа е песна посветена на Хана, која Наташа ја нарекува сине мој – рекла Марина.
Таа тврди дека има песна посветена на син ѝ, но дека тоа е песната „Мишо мој“, која ја пее Ана Николиќ.
-Песната ја пишував во најтешкиот период од животот, кога го загубив синот. Долго мислев кој би можел овие силни емоции да ѝ ги пренесе на публиката и изборот падна на Ана – рекла Марина. Нејзината тага е посебно видлива во стиховите: Не можам веќе да ја сокријам болката, не помагаат ни таблетите ни целиот алкохол. И плачам Мишо мој, плачам пред туѓинците, вкусот на тага сѐ уште тече низ моите непца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.