Кошаркарите на Чикаго булс претрпеа нов пораз на гостувањето против Денвер (110-107), продолжувајќи ја сопствената серија слаби резултати против овој ривал. „Биковите“ добро го почнаа натпреварот, добивајќи ја првата четвртина со 31-19, но следеше одговор со иста мера на домаќините. На крај како пресудна се покажа цврстата одбрана на Денвер во последните неколку минути, што им овозможи на домашните кошаркари на крајот да се радуваат на победа, десетта во низа на домашен терен против овој ривал и 16. на последните седумнаесет средби на кои Чикаго гостувал во Денвер. На „биковите“ не им помогнаа ниту 35-те поени на Џими Батлер, додека најефикасни кај Денвер беа Џамал Мареј со 24 и Тајсон Чендлер со 16 поени.
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс извојуваа победа над Оклахома сити Тандер со 111-109 во највозбудливиот НБА натпревар оваа ноќ, а јунак беше Ник Јанг, кој погоди клучна тројка на пет секунди до крајот. Расел Вестбрук ока бше најефикасен и мечот го заврши со 34 поени, 13 асистенции и 8 скокови, што беше на постигнување на чекор до „трипл-дабл“. Кај „езерџиите“ најдобри поединци беа Кларксон со 18 и Јанг со 17 поени.
Њујорк беше подобар од Портланд со 107-103, а Атланта загуби на домашен терен од Њу Орлеанс со 94-112.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)