Клаудио Раниери, откако минатата сезона на брилијантен начин ја освои Премиер лигата со Лестер сити, оваа продолжува со неговите чуда овој пат во Лигата на шампионите.
Со вечерашната победа над Бриж од 2-1 (2-0), Лестер како лидер во својата група се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите. По оваа победа Раниери запиша нова страница во европскиот фудбал и стана првиот тренер по Карло Анчелоти кој со пет различни тима успеа да стигне до елиминациона фаза во Лигата на шампионите.
Претходно тоа му успеа како тренер на Челзи, Интер, Валенсија и Јувентус, а сега ја продолжува прекрасната бајка на „лисиците“ која многу лесно доколку има поволен ждреб може да биде продолжена и со четвртфинале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.