| четврток, 6 декември 2018 |

Со пикник ќе го прославиме Меморијалниот ден

И во Македонија ќе се прослави големиот американски празник Меморијален ден. Во соработка со американската амбасада во Македонија и македонските „Ворк енд травел“ агенции, SWT Алумни, ќе го организираат првиот  SWT Кик оф пикник на стадионот на АРМ во градскиот парк во Скопје во недела од 11:30 до 15:30 часот . Со овој настан истовремено ќе се одбележи почетокот на 2013 Ворк енд травел (Work & Travel (W&T) сезона.

Пикникот е замислен како целодневен настан, во чија програма се планираат спортски активности (влечење со јаже, одбојка, мал фудбал, фризби), музички перформанси (бенд во живо и диџеј), а сите присутни ќе бидат почастени со пијалок и традиционални американски пикник закуски.

На Пикникот свое обраќање ќе има Рајан Стонер oд американската амбасада во Македонија, претседателот на SWT Алумни, Виктор Митевски и претставник на „Ворк енд травел“  агенциите. Дополнително, ќе биде организирана хуманитарна акција со која ќе се соберат средства наменети за помош на малата Мила на која и е потребна итна операција на лицето во Америка. Настанот ќе биде од отворен тип.

USA Summer Work & Travel Алумни Македонија (SWT Алумни) е непрофитна организација доброволно формирана од група на млади студенти, a по иницијатива на Американскиот Стејт Департмент, односно Бирото за едукација и културни настани. Таа воедно претставува прва ваква алумни организација во светот. Основна цел на SWT Алумни е создавање на интерактивни и развојни кариерни програми и иницијативи кои ќе им овозможат на младите целосно да ги развијат своите вештини и знаења, за да можат полесно да ги имплементираат своите иновативни идеи на македонскиот пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top