| четврток, 6 декември 2018 |

Прв пикник за веганска храна во Македонија

Под мотото „Смени ја исхраната, смени го светот!“, денеска на Градската плажа „Парк“ ќе се одржи првиот пикник на веганска храна во Република Македонија „Скопје ВегеПикник 2015“.

Организатор е Здружението за заштита на животните и животната средина „Еден“ – Скопје. Веге пикникот е посветен на Светскиот ден на здрава животна средина, кој годинава се одбележува на 26 септември под мотото „Децата се наша иднина – да ги заштитиме нивната животна средина и нивното здравје“.

На пикникот со вегански специјалитети ќе се претстават повеќе скопски угостители и блогови за веганска храна. Ќе има и неколку натпревари – „Vegan Cook-Off“, „Веган предизвик“ и „Највеган фото“, а победниците ќе добијат награди од спонзорите. За децата ќе има специјално детско катче со забавни и едукативни содржини.

Сите донации собрани во рамки на настанот ќе се искористат за помош и лекување на бездомни животни во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top