Во овие моменти на телевизија „Нова“ се одвива дебата на тема „Македонија: Мултиетничко општество, унитарна држава“ на која биле поканети претставници од сите поголеми политички партии.
Најголемата македонска опозициска партија која отворено се залага за двојазичност на целата територија на Република Македонија одбива дебата на тема „Унитарна држава“.
Сепак, како што може да се види, на поканата на ТВ Нова се одзвале само претставници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и партијата Левица. Нермин Теловска ги застапува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека Мариглен Демири на Левица.
Заложбите на СДСМ и Зоран Заев за редефинирана и бинационална држава наидоа на голем револт кај македонското гласачко тело, кое не отстапува од залагањата за суверена и унитарна држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.