| четврток, 6 декември 2018 |

Бранители во Хрватска бараат забрана за настапите на Шербеџија

Хрватски здруженија на бранители побараа од МВР забрана за настап и активности на актерот Раде Шербеџија во Хрватска за најмалку пет години.

Во памфлет потпишан од тие здруженија, пишува дека забраната се бара поради сериозно загрозување на безбедноста со испровоцирани јавни настапи на Шербеџија.

Потписниците бараат од Државното обвинителство на Хрватска покренување кривична постапка и забрана за негови јавни активности во период од најмалку пет години.

Од концертната сала Лисински се бара да биде „симнат“ од програмата поради, како што се наведува „безбедносни причини“. Според нив, Шербеџија грубо ги посрамотил хрватските генерали и бранители од татковинската војна и Хрватска, објави порталот Индекс.

– Словаците и Чесите успеаја да се договорат. И кај нив дојде момент кога мислеа лошо едно за други и покрај негативните емоции не се тепаа туку со договор се разделија. А, што направија нашите, сите народи во поранешна Југославија – ги замразија браќата и тргнаа една на други. Па, не е случајно што сите тие најголеми војници, таканаречени херои кои завршија во Хаг всушност се криминалци – неодамна изјави Шербеџија на саемот на книга во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top