| четврток, 6 декември 2018 |

Имав 0,8 промили алкохол, три пати ми правеа алкотест – се огласи и Шербеџија

Американскиот портал ТМЗ објави дека Раде Шербеџија(71) е уапсен  минатата сабота во Санта Моника во Калифорнија откако полицајците го забележале како со својот Лексус криви по коловозот. Полицијата го запрела, после што се испоставило дека актерот возел пијан.

Актерот го запреле откако скоро удрил неколку други автомобили, а кај него наводно нашле отворено шише виски.

-Не направив никаков прекршок. Ме запреа ради ред. Имав 0,8 промили, три пати ми правеа алкотест – признал актерот.

Полицијата во Санта Моника на својата веб страница потврдила делка Шербеџија бил уапсен.

-Полицијаците ме проепознаа, па ми дозволија да платам кауција и да излезам од затвор – рекол Шербеџија и додал дека во автомобилот немал виски, туку дека пред да вози испил три чаши вино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top