| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците му пакуваат афера на Шербеџија: Измислија дека ќе го глуми терористот Адем Јашари!

Албанските медиуми на Косово измислија дека Раде Шербеџија одбил да го глуми основачот на таканаречената Ослободителна војска на Косово, Адем Јашари во филм кој го подготвува режисерот Љуан Круези.

Популарниот актер во моментов е во Америка, и како што вели неговиот син Данило, сигурно не добил покана да учествува во овој проект.

-Можам со сигурност да кажам дека тоа што го пишуваат медиумите, не е вистина. Тато сигурно би ми кажал да му е понудена таа улога. Со Раде никој не контактирал. И јас би сакал во мојот филм да игра Роберт де Ниро, но тоа не е реално – објаснува Шербеџија.

Како што наведуваат приштинските медиуми, улогата на Адем Јашари во спорниот филм понудена му е на Раде преку актерот Енвер Петровци, но тој ја одбил улогата. Петровци пак на косовските медиуми им рекол дека не сака неговото име да се спомнува во вакви вести.

-Ова не е вест. Доколку Љуан го споменал моето име, погрешил – рекол Петровци.

Режисерот Љуан Круези упорен е во намерата да соработува со Шербеџија, иако не успеал да дојде до него.

-Ми се допаѓа идејата Србин да го игра Адем Јашари, затоа што веднаш целиот свет би го прифатил и признал- рекол тој за приштинските медиуми и додал дека сценариото за филмот се уште не е готово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top