Целосно фијаско на вториот митинг на опозициската коалиција предводена од СДСМ.

Само околу 400 луѓе дојдоа на митингот на СДСМ во скопската населба Аеродром, од кои најголем дел што беа на претходниот митинг во Кисела Вода, се пренасочиjа кон Аеродром.

Откако вчера нешто помалку од 4.000 граѓани дојдоа на првиот митинг на СДСМ во Прилеп, кој мина без еуфорија, со многу навреди, клевети и црна кампaња, слабиот интерес за собирите на опозицијата продолжува и денеска.

Со ова, Аеродром јасно покажува дека силно се противи на двојазичноста која ја најавува опозицискиот лидер Зоран Заев и граѓаните гласно порачуваат дека се за суверена и унитарна држава, а не за бинационална и редефинирана Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


