| четврток, 6 декември 2018 |

Тозиевски: На 11 декември ќе им ставиме крај на сеачите на магла

-Ова е победничкиот Ресен, ова е победничка Преспа, ова е тимот кој на 11 декември ќе ја извојува десеттата јубилејна последователна победа за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За Подобра Македонија. Ова е тимот кој на 11 декември ќе им каже едно големо не, на структурите кои изминатите две годинина најбрутален и најдеструктивен начин работеа на уривање на поредокот на дестабилизација на државата на разнебитување, на се што е создавано и создадено во нашата татковина Република Македонија. Ова е тимот кој ќе каже стоп, на агонијата и длабоката политичка криза во која квинслиншките структури на СДСМ поддржани од соросоидните наредбодавци ја втурнаа нашата држава. Тимот кој на 11 декември ќе им го покаже патот кон боиштето на македонската политика и историја. На дел од нив патот кон установите од каде што неодамна излегоа аболицирани и помилувани. Ќе ги поразиме, почитувани, оние кои во отсуство на програма, визија и концепт за работа, досега не реализирале ниту еден проект, ниту едно конкретно дело во интерес на граѓаните на Република Македонија, изјави кандидатот за пратеник од Ресен, Јован Тозиевски.

Тој посочи дека ова е тимот кој одлучно ќе им застане на патот на оние кои во состојба на очај соочени со претстојниот катастрофален пораз, посегнуваат по она најсветото, името, јазикот, идентитетот.

-На оние кои почнаа да си играат со оган, и да влегуваат во игра која би ја одвела државата кон редефинирање, разнебитување и уривање. Одлучно и недвосмислено на 11 декември ќе им ставиме крај на сеачите на магла, на јавачите на апокалипсата, на творците на најмрачните сценарија во поновата историја на Република Македонија. 11 декември е денот кога секој македонски граѓанин треба да одлучи кому ќе му го довери мандатот, кој во наредниот период ќе ја води Република Македонија. Го знам вашиот одговор, почитувани Преспанчани, го знам одговорот и на најголем број граѓани на Република Македонија. Одговорот е одлучно Не, за оние кои ја туркаат Македонија во амбис, одговорот е Не, за оние кои цели две години ги држат граѓаните во Република Македонија во вистинско заложништво, за оние коии ставија кочница во силниот севкупен развој и просперитет на нашата држава, истакна Јован Тозиевски во своето обраќање пред Ресенчани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top