Програмата „Реално“ е сеопфатна политичка програма која е фокусирана на секоја област која е од апсолутно значење и интерес на граѓаните – изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој во населените места ширум Кавадарци разговара со жителите за политичката програма која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ на престојните парламентарни избори.
-Програмата е со име „Реално“ бидејќи сите тие проекти се со конкретен буџет, со конкретни мерки и определени институции кои ги реализираат истите. Тоа значи дека политичката програма е реална и програма насочена во интерес на секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Граѓаните кажуваат одредени појави кои што ги имаат во нивните населени места, дали има потреба од подобрување на инфрастуктурни промени, од аспект што можеме да направиме во земјоделскиот сектор кои што е од големо значење за овој регион на нашата земја и тука сме ние аспсолутно фокусирани – рече Муцунски.
Тој вели и дека во оваа програма има и неколку проекти со посебен акцент на развојот на руралните средини, а од политичка гледна точка со граѓаните се разговарало и за тоа каква Македонија навистина сакаат тие.
-Унитарна Македонија, заштита на уставниот поредок на нашата земја, земја која што е обединета во своите различности, но сепак е насочена кон оние стратешки приоритети кои што ги имаме. Ние не можеме да дозволиме да имаме двојазичност во оваа земја и граѓаните стојат цврсто позади тој став на ВМРО-ДПМНЕ. Сметаме дека преку овој дискурс кои што го имаме со граѓаните на Македонија ќе произлезат и понатаму и многу нови идеи кои ќе може да се имплементираат. Веруваме дека тие целосно ќе ја донесат целата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на 11 декември, за 63 пратеници за стабилна просперитетна и унитарна Македонија – заврши Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)