| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Скопје ќе добие три нови сообраќајници

Растеретување на сообраќајниот метеж во Скопје е еден од новите проекти кои се предвидени и се дел од програмата Реално на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се предвидува изградба на три сообраќајници и тоа подземна сообраќајница кај комплексот Народни банки до Влада на Република Македонија. Една сообраќајница на две нивоа кај трговскиот центар Мавровка и Судската палата и една подземна сообраќајница кај јужниот булевар, вели Никола Тодоров.

Ова е капитална инвестиција од 90-100 милиони евра, а средствата за оваа инвестиција ќе бидат обезбедени 90% од Владата, а 10 % од Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top