-До 2005 година субвенциите во Македонија не ни постоеја. Како за секоја Влада која што се грижи за своите граѓани во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, предвидени се нови 600 милиони евра субвенции за македонскиот земјоделец. Тоа се средства со кои ќе го стимулираме земјоделското производство. Ќе продолжиме да ги финансираме проектите како што се „50-50“, а имаме и нова мерка во програмата со која 60% од трошоците од набавка на механизација ќе бидат покриени од Владата – изјави Димитар Стевананџија.
Според него, македонскиот земјоделец беше категорија која што чиј труд во минатото не бил вреднуван. Сепак во изминатите 10 години, вели Стевананџија, Владата на ВМРО-ДПМНЕ до сега има испратено вкупно субвенции од околу 800 милиони евра.
Оваа бројка, додава тој, беше мисловна именка за сограѓаните кои што со труд ги заработуваа своите средства.
Продолжуваат и со проектите за осигурување на својот род, 60 отсто од трошоците ќе бидат покриени од државата.
-Македонката банка за поддршка и развој ќе обезбеди кредитни линии со ниска каматна стапка кои ќе им бидат достапни на сите земјоделци во Македонија – порача Стевананџија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)