| четврток, 6 декември 2018 |

Зад оваа морничава врата се прават играчките за киндер јајцата, никогаш нема да посакате да ги купите

Децата во Романија од кои некои имаат само шест години, изработуваат играчки за Киндер јајца по сатница од мизерни 22 центи.

Сиромашните романски семејства работат и по 13 часа на ден, внимателно сложувајќи минијатурни пластични игарчки кои доаѓаат во киндер јајцата. За секои илјада јајца кои семејствата ќе ги состават, се добиваат 20 романски лева, што е 4,5 евра. Производите потоа се испраќаат во фабрика во Цареи и се продаваат за 0,9 евра, пишува британски „Сан“.

Киндер е во сопственост на чоколадниот гигант „Фереро“.

– Кога шефовите од „Фереро“ би дознале што се случува во Романија, би добиле инфаркт. „Фереро“ не го добива тоа што го плаќа, а посредниците некаде сигурно брутално заработуваат на грбот на оние кои ги третираат како робови – вели извот од „Киндер“.

„Сан“ направил интервју со семејството Јурј кое е вклучено во работниот процес, таткото Кристијан (41), мајката Тимеа (30), двете деца Патрик (11) и Хана (6).

– Тоа е робовска работа, но немаме избор – велат тие.

„Фереро“ во соопштението наведува дека детскиот труд е забранет во нивните фабрики, и гарантираат минимална плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top