| четврток, 6 декември 2018 |

Внимателно одбирајте играчки, тие ја формираат личноста на детето

Играчките ја формираат личноста на детето, му помагаат да созрее и да се развива, па внимателно бирајте ги. Тие се многу повеќе од обичен предмет, бидејќи на децата им даваат идеи,имаат улога како нивен партнер, соиграчи се, најдобар другар во осаменоста но и повод за дружење со врсниците, пишува Мама 365.мк

Предшколските деца бараат омилени ликови од цртани филмови.Но не треба да им се набави се што бараат.

Ако станува збор за негативен лик или пораки на детето треба да им се објасни дека нема да ја добијат таа играчка бидејќи тој лик не е позитивен.

Насочувајте ги децата на социјални игри, купете им топка, ролерки, тротинет, велосипед.

Ако децата сакаат букви и бројки,набавете им различни сложувалки, сликовници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top