| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски oд Новаци и Могила најави 600 милиони евра субвенции за земјоделците

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски најави дека земјоделството зафаќа голем дел од програмата на Коалицијата за подобра Македонија.

044

– За следните четири години предвидуваме нови 600 милиони евра за македонските земјоделци, по 150 милиони евра секоја година. Го правиме тоа веќе неколку години и ќе продолжиме да го правиме и во следните, рече Груевски.

01

Тој додаде дека во Македонија изминативе години активно се работи на развој на земјоделството, а како мерки кои придонеле за таа цел ги посочи субвенциите и инвестициите во руралните средини.

– Дадовме можност илјадници хектари државно земјиште да им бидат доделени на луѓето што живеат во руралните средини,  да работат и да заработат, додаде Груевски.

02

03

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top