Главната порака денес за Охрид, за Струга, за целото крајбрежје е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силна поддршка и субвенционирање на тур-операторите што носат странски турсти и гости во нашите хотели, затоа што бројот на странските туристи многу се зголемува, а преку нив се помага и домашното стопанство, истакна Антонио Милошоски, носителот на пратеничката листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица.
– Втората работа што сакаме да ја споменеме, посебно за Охрид е изградбата на марината, изградбата на затворениот базен и изградбата на еден конгресен, конференциски центар што му треба на градот за да ја зголеми туристичката понуда од најсовремен тип со 5 мали сали внатре и со можност да смести 1.500 луѓе – додаде Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)