| четврток, 6 декември 2018 |

Животните трауми на американската актерка: На 11 години ме силуваше член на семејството, а на 16 двајца мажи

Познатата актерка Ешли Џад (48) минила низ вистински пекол за време на нејзиното детство кое го одбележале силувања, инцест и други ужасни сексуални злоставувања. Ешли не сака да молчи за работите кои ги преживеала, и како што вели, ќе направи се за да се избори против сите кои сметаат дека било какво злоставување на жените е оправдано или дозволено.

Додека растела во Кентаки, во раздвоено семејство во кое нејзината мајка често во домот носела различни мажи, Ешли премногу рано се запознала со сексот. Семејството често се селело додека Наоми и постарата сестра на Ешли, Винона се обидувале да станат пејачки, па така на 11 години несреќната Ешли доживеала траума – ја силувал член на нејзиното семејство чие име никогаш не го открила.

Ужасот се повторил за 5 години, па кога таа имала 16 години била силувана од двајца мажи додека трет гледал.

ashley-judd

Ешли добила можност на 17 години да замине два месеци во Јапонија, но пеколот продолжил и таму кога нејзиниот менаџер се обидел да ја присили на секс, но сепак успеала да побегне.

Годините во кои таа била сексуално злоставувана оставиле длабок белег на актерката, па на почетокот на 2006 година била два месеци на лечење од депресија.

Ешли Џад редовно одржува предавања на кои сака да ги охрабри сите жени кои преживеала исти трауми, да излезат и да кажат без страв за злоставувањата кои ги преживеале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top