| четврток, 6 декември 2018 |

Сомнежите за беснило кај мачките ќе се проверуваат во Франција

besna macka

Првите резултати од мострите земени од една мачка, која каснала човек во скопската населба Радишани, покажале дека се основани сомневањата за беснило, но целосната верификација ќе се изврши во референтната лабораторија на Европската унија, односно во Нанси, Франција. Резултатите ќе се добијат за седум дена.

Првичната анализа на мострите, извршена во националната референтна лабораторија при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, покажала позитивни резултати со методот на флуоресцентни антитела, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство. Оттаму апелираат дека во согласност со законските прописи задолжителна е вакцинацијата на домашните миленици (кучиња и мачки) против беснило. Во меѓувреме, Градот Скопје треба да продолжи со собирање на уличните кучиња и мачки, а фатените кучиња и мачки од реонот на Радишани веќе се ставени под 15-дневен надзор, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top