| четврток, 6 декември 2018 |

Махрез: Огромен е притисок во Англија откако ќе станеш шампион

ranieri i mahrez

Лестер испиша историја со освојувањето на титулата во Премиер-лигата, но „лисиците“ сезонава многу потешко се снаоѓаат во домашното натпреварување. Последниот пораз од Ватфорд придонесе „лисиците“ да паднат на 14. место на табелата со само два бода предност во однос на екипите во зоната за испаѓање, а Ријад Махрез и соиграчите се мачат да го издржат притисокот што го носи епитетот „шампион на Премиер-лигата“.

– Минатата сезона игравме фантастично, сега никако не успеваме да влеземе во ритам во Премиер-лигата и да бидам искрен, сите сме малку фрустрирани поради тоа. Не било лесно да си шампион на Англија, сега сите екипи играат со дополнителна мотивација против нас. Резултатите се далеку од очекувањата, но верувам дека ни се потребни само неколку победи за кризата да исчезне – изјави Махрез, кој нема постигнато гол од игра во Премиер-лигата уште од април.

За разлика од Премиер-лигата, Лестер делува импресивно во Лигата на шампионите, каде се наоѓа на врвот на табелата со десет бода, без ниту еден примен гол.

– Јас останав во Лестер бидејќи цел живот сонував да играм во Лигата на шампионите, а сега ми се укажа можност тоа да го сторам со клубот со кој го остварив најголемиот успех во кариерата. Полни сме со самодоверба и играме одлично, се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам – оптимист е Махрез во пресрет на денешниот дуел со Бриж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top