| четврток, 6 декември 2018 |

Сигурдсон ја напушта Германија по Светското првенство

dagur-sigurdson

Дагур Сигурдсон и дефинитивно ќе ја напушти клупата на германската репрезентација по завршувањето на СП 2017 во Франција. Исландскиот стратег веќе ја информирал  Германската ракометна федерација за оваа одлука, додавајќи дека негов следен ангажман ќе биде како предводник на националниот тим на Јапонија, во новиот олимписки циклус за ОИ во Токио во 2020 година.

– Ваквата одлука е донесена поради лични причини. Како и да е, таа нема да влијае врз нашиот настап на мундијалот во Франција, на кој очекувам повторно да се бориме за медал – изјави Сигурдсон.

Овој 43-годишен стручњак дојде на селекторската функција во 2013 година, а најголемиот успех го оствари минатиот јануари, кога стигна до титулата европски шампион на првенството што се одржа во Полска.

– Жалиме што не успеавме да го убедиме Дагур да остане, но бескрајно сме му благодарни за врвните резултати што ги освоивме под негово водство – истакна Андреас Мичел, претседател на Германската ракометна федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top