Илија Несторовски од јануарскиот преоден рок би можел да се пресели во редовите на Наполи доколку двата клуба наредниот период најдат заеднички јазик за трансфер на македонскиот репрезентативец.
Toa што е сигурно е фактот дека сега веќе и потврдено, првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис официјално контактирал со претседателот на Палермо, Маурицио Зампарани за купување на договорот на Несторовски…
– Де Лаурентис телефонски разговараше со Маурицио Зампарини за трансфер на Несторовски. Де Лаурентис му потврди на Зампарини дека во следниот преоден рок го посакува напаѓачот во Неапол. Сега, останува да се договорат – изјави за италијанските медиуми, еден од најблиските соработници на Зампарини, Џани ди Марцио, кој претходно беше и прв консултант на претседателот на Палермо околу првиот тим на клубот.
Зампарини досега во јавноста категорично отфрлаше каква било можност за заминување на Несторовски од клубот, но токму последните изјави во јавноста на еден од неговите најдобри соработници за добрите познавачи на фудбалот во Италија јасно даваат знак дека е расположен за продажба, по добра понуда.
А, според процените во италијанската фудбалска јавност, во моментов цената на Несторовски по одличните два месеца е околу 10 милиони евра, што ќе рече повеќе од десеткратно зголемена во однос на неговиот трансфер од Интер Запрешиќ во Палермо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Ципрас и Пенс телефонски разговарале за преговорите за името на Република Македонија
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот