На 11 декември сите ние заедно, секој од нас поединечно треба да му ги спакуваме куферите на лидерот на опозицијата. Затоа што таа политика го загрозува мирот, мирниот живот на граѓаните, рече во своето обраќање пред граѓаните на митингот во Охрид лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ која е дел од „Коалицијата за подобра Македонија“.
-Некој на овие избори го отвори прашањето и се обиде да го распакува уставот на Република Македонија, а со тоа да ја распакува и Република Македонија, затоа на 11 декември сите ние заедно, секој од нас поединечно треба да му ги спакуваме куферите на лидерот на опозицијата. Затоа што таа политика го загрозува мирот, мирниот живот на граѓаните на Република Македонија, ги загрозува правата и слободите на граѓаните на Република Македонија и го загрозува опстанокот на Република Македонија. Во таква Македонија нема место за припадниците на помалите етнички заедници, вклучувајќи ја тука и српската заедница во Република Македонија, затоа ние на овие избори ќе дадеме активен допринос таа политика да биде поразена на најголем и најдобар можен начин- истакна лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)