| четврток, 6 декември 2018 |

Трет дел: Како звучевме досега – Македонија на Евровизија низ годините (Видео)

Неколку часа не делат од 13-тиот настап на Македонија на Изборот за песна на Евровизија...

Дотогаш, да се потсетиме уште еднаш како нѐ претставија нашите музички амбасадори.

На „Евровизија“ во 2007 година  убедливо, со освоени 144 поени, македонската публика одлучи повторно да ја испрати Каролина Гочева како наш претставник, овој пат со песната „Мојот свет“.

karolinagoceva109_v-contentgross

Каролина Гочева со „Мојот свет“

Каролина без проблем влезе во финалето, го освои 14. место и таа година, облечена во краткото фустанче дизајнирано од Цаца Пакоска, остана запаметена како една од најубавите девојки кои запеаја на евровизиската сцена.

 

Следната година со најмногу гласови од телефонското гласање, на евровизиската сцена во Белград со „Во име на љубовта“ замина триото составено од Тамара Тодевска, Адријан Гаџа и Раде Врчаковски-Врчак.

l

Врчак, Адријан и Тамара

Таа година Македонија првпат не влезе во финалето, со што почна нашиот неколкугодишен евровизиски неуспех. Јавноста не беше блага со коментарите упатени кон нашите претставници, а најмногу поплаки беа упатени на сметка на изгледот на Тамара, која, според Македонците, премногу ги покрила нејзините најголеми атрибути.

 

И следната година Македонија не влезе во финалето. Во Москва како наши претставници ги испративме близнаците од дуото „Некст тајм“ со „Нешто што ќе остане“ на Јован Јованов.

Продолжува…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top