| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите

Фросина Ташевска Ременски и нејзината партија немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите и нивниот стандард, оцени дополнителниот заменик-минстер за труд и социјална политика Диме Спасов.

– Пензионерите се уште ги паметат неправдите кои им се направени во времето на Владите на СДСМ, кои им ги намалија пензиите за 8 отсто и ги делеа во три категории, а исплатата доцнеше. Покрај тоа, воведуваа нови модели на усогласување што додатно им ги кратеа пензиите на пензионерите, се вели во реакцијата.

Владата, како што се наведува, ги зголемуваше пензиите и воведе редовна исплата.

– Од септември 2008 година, исплатата на пензиите се врши на почетокот на секоја седмица од месецот и тоа сите пензии одеднаш. Најниската пензија ја зголемивме за 90,32 отсто од 4.330 денари во 2006 година на 8.241 денари во 2015 година. А, просечната пензија за 70,1 отсто од 7.688 денари во 2006 година на 13.077 денари во 2015 година. Со исплата на ноемвриската пензија во декември 2016, таа ќе биде зголемена за нови 5 отсто, се вели во реакцијата.

Спасов потсетува дека се реализираат бројни проекти за подобрување на животот на пензионерите, како бањско-климатска рекреација, која ја искористиле 37.193 пензионери, бесплатниот туристички викенд, кој имале можност да го искористат 6.000 пензионери. Воведен е бесплатен викенд за стари лица во железнички сообраќај за мажи над 64 години и жени над 62 години, како и бесплатен превоз во јавниот сообраќај, четири пати во недела. Се подобруваат условите во пензионерските домови, а досега се изградени и 22 приватни старски домови.

Според Спасов, Ташевска Ременски денеска најгрубо го прекршила Изборниот законик член 8-6 и користела службени простории на Министерството за труд и социјална политика за одржување партиска прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top