| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во друштво на Италија и Србија во ждрепката за Европското првенство

makedonija-u21

УЕФА денеска го објави изгледот на „шеширите“ во пресрет на ждребот на групите за ЕП за играчи до 21 година што на 1 декември ќе се одржи во Полска. Македонските фудбалски „херои“ испишаа историја со самиот пласман на овој европски шампионат, па сега без премногу страв и респект ги очекуваат имињата на противниците со кои ќе ги одмерат силите следниот јуни.

Сосема очекувано, Македонија како дебитант на големите натпреварувања е дел од последниот по квалитет „шешир“, во кој друштво на избраниците на Боби Милевски им прават и бранителот на трофејот Шведска, потоа Италија, Србија, Чешка и Словачка. Носители при ждребот ќе бидат домаќинот Полска, заедно со селекциите на Германија и на Португалија, додека во вториот шешир ќе се најдат Англија, Шпанија и Данска.

Според новите пропозиции, дванаестте селекции ќе бидат поделени во три групи, така што Македонија за ривал ќе добие еден носител, една селекција од вториот шешир, но и една репрезентација од „друштвото“ во кое се наоѓаат „црвено-жолтите“. УЕФА објави дека најпрвин ќе бидат извлекувани носителите, потоа селекциите од третиот шешир, за на крајот со ждреб да биде одредено во кои групи ќе завршат Англија, Шпанија и Данска како дел од вториот шешир.

Европското Првенство за фудбалери до 21 година ќе се одржи во периодот од 16 до 30 јуни 2017 година во шест градови во Полска, и тоа Кјелце, Љублин, Гдинија, Бидгошч, Тиши и Краков.

Ждрепката за ЕП ќе биде во Краков на 1 декември.

ШЕШИР 1: Полска (домаќин, група А), Германија, Португалија

ШЕШИР 2: Англија, Шпанија, Данска

ШЕШИР 3: Македонија, Италија, Шведска, Чешка, Србија, Словачка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top