-Обнова на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово во должина од 1.200 метри што минува низ населбите Колтук, Два Бреста, Певчина и Поток со средства што владата на ВМРО ДПМНЕ ги определи за обнова на точно определени улици низ сите места во државата во следните четири години- најави носителот на листата за пратеници од Коалицијата „За подобра Македонија“ за шестата изборна единица Влатко Ѓорчев при неговата денешна посета на повеќе места во Тетовско.
Тој најави и голема обнова на целиот комплекс на Попова Шапка.
-Тука се предвидува целосна обнова на патот што Тетово го поврзува со Попова Шапка, изградба на паркиралиште со 350 места за автомобили, зголемување на скијачките патеки од сегашните 12 на 18 километри, како и поставување и изградба на најсовремената жичница на Блаканот со шест седишта со што капацитетот на сите жичници во овој скијачки центар од сегашните 2.000 ќе се зголеми на 12.000 скијачи. Покраај тоа предвидена ие инабавка на опрема за вештачки снег за продолжување на скијачаката сезона, патеки за маунитинбајк и за параглајдери и делтаплан- рече Ѓорчев.
Претставувајќи ја програмата за предвремените парламентарни избори пред присутните пред соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, Ѓорчев најави и гасификација на целиот Полошки регион со што, како што рече, ќе им се овозможи на претпријатијата поевтини енергенси за да бидат поконкурентни со цените на пазарот а ќе се влијае и врз заштитата на животната средина и намалувањето на загадувањето.
Тој на почетокот од изборната кампања најави дека ВМРО ДПМНЕ заедно со коалициските партнери ќе води позитивна кампања, односно кампања за претставување на проектите за развој, поголеми плати и пензии, како и повеќе работни места и фабрики.
-Тоа се реални ветувања со точни рокови, а не нереални ветувања. Но, истовремено ќе водиме кампања со која силно ќе ја нагласиме унитарноста на Македонија и за задржување на нејзиниот уставен поредок. За разлика од некои други Македонија ја гледаме како унитарна држава што треба да го сочува уставниот поредок и држава каде ќе има повеќе можности за сите- потенцира Ѓорчев.
При денешната посета во Тетово, Ѓорчев беше придружуван од повеќе кандидати за пратеници во шестата изборна единица меѓу кои беше и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Тетово Горан Манојловски, како и други членови и симпатизери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓорчев до СДСМ: Кои се тие „европски вредности“ со 50.000 наполнети ливчиња?(видео)
-
Ѓорчев: Владата покажува дека сака решение за името по секоја цена!
-
Ѓорчев: Гласачите на СДСМ се изневерени, владата на Заев не ги исполнува ветувањата
-
ВМРО-ДПМНЕ досега поднесе 70 амандмани и бара мнозинството да го повлече законот за јазиците