| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Минималната плата ќе се зголеми на 14.000 денари

Предвидуваме зголемување на минималната плата која со закон беше донесена пред неколку години од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, таа денес изнесува 10.500, но предвидуваме во следните четири години да дојде до 14.000 денари односно секоја година сукцесивно да се зголемува.

Ова денес од Велес го истакна Илија Димовски носител во третата изборна единица.

-Онаа која е во кожарската индустрија и во текстилната да дојде до 13.500 денари. Тоа е она што можеме да го ветиме доколку се создадат и подобри услови, секако би биле сподготвени и за повеќе. Ова покачување кое го ветуваме е балансирано и нема да создаде отпуштање од работа затоа што од една страна треба да ги зголемуваме платите, а од друга да обезбедиме ниту еден вработен да биде отпуштен, објасни Димовски.

Тој додава дека ова е проект која ќе гарантира зголемени плати и неотпуштање од работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top