| четврток, 6 декември 2018 |

Големо реновирање на Бакингамската палата по шеесет години

britanija-bakingemska-palata

Бакингамската палата ќе биде подложена на основно 10-годишно реновирање, кое ќе чини 369 милиони фунти.

Реновирањето почнува во април.

Ќе бидат обновени електрична инсталација, водоводот, ќе се менуваат кабли, цевки, котли, кои се стари повеќе од 33 години.

Толку големо реновирање се прави првпат по 60 години. Една од причините за потребата од вакво реновирање е потенцијалната опасност од пожар и поплава.

Административниот штаб на кралицата поминува 1/3 од годината во Бакингамската палата како домаќин на различни настани.

Кога е во градот, кралицата одржува неделни средби со премиерот, а секоја година пречекува повеќе од 50.000 луѓе како гости на државни банкети, вечери, градинарски забави.

Палатата има 775 соби, вклучувајќи 52 кралски спални и спални за гости, 188 соби за персоналот и 78 бањи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top