Челзи вчера попладне минимално победи на гости кај Мидлсброу и се искачи на врвот на Премиер лигата, победувајќи на шестиот последоватален натпревар. Италијанецот на клупата на „сините“, Антонио Конте и покрај триумфот беше по малку разочаран од ефективноста на неговите фудбалери.
– Да, малку сум разочаран, бидејќи не успеавме да постигнеме втор погодок. Имавме многу шанси и бевме блиску до истиот, но не успеавме да ја потврдиме победата на „Риверсајд“. Ова е шести натпревар по ред на кој не примаме погодок, што е добра вест за нас. Денес игравме против добар противник, кој на крај можеше да нè казни преку корнер, нафрлување или некоја мешаница во казнениот простор – изјави по мечот италијанскиот тренер.
Италијанецот ја препороди екипата откако ја смени формацијата во 3-4-3, која по бавниот старт на сезоната на екипата и донесе одлични резултати во продолжение од шест победи во низа и со импресивна гол разлика од 17-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


