Првообвинетите за тероризам, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети за случајот „Монструм“, не се знае дали воопшто ќе бидат екстрадирани во Македонија бидејќи имале двојно државјанство. Ова го изјави косовскиот министер за правда, Хајредин Куци, за порталот „Сетајмс“ посочувајќи дека Косово не ги екстрадира своите државјани.
– Двете лица за кои станува збор се косовски државјани, покрај тоа што имаат македонско државјанство – изјави министерот Куци за „Сетајмс“.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ беа уапсени на Косово и сега судските власти во Приштина им судат за нелегално поседување оружје. Македонската полиција и Интерпол во мај лани по нив распишаа меѓународна потерница. Се бараа како дел од шестчлената група обвинети за масакрот што се случи на 12 април лани кога беа убиени четири момчиња и еден повозразен човек кај Смиљковско Езеро. Во Македонија им се суди во отсуство.
Според обвинението, обвинетиот Алил Демири судниот ден пукал кон цивилите со пиштол, а Африм Исмаиловиќ со калашников. Двајцата заедно со братот на Африм, Агим Исмаиловиќ, кој е во притвор во Македонија, обвинителството ги товари дека ги убиле четирите момчиња и рибарот на брегот од Смиљковско Езеро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации