Чикаго булс и Индијана пејсерс излегоа како победници од најинтересните натпревари што синоќа беа на програмата во НБА-лигата, триумфирајќи по продолженија на гостувањата против ЛА лејкерс, односно Оклахома сити.
Чикаго по огромна битка ги ЛА Лејкерс со 110-118, пред се благодарение на фантастичниот Џими Батлер, кој ги предводеше „биковите“ со 40 постигнати поени. Миротиќ и Гибсон постигнаа по 15 поени за победничкиот тим, додека кај лејкерси најефикасен беше Лу Вилијамс со 25 поени.
Расел Вестбрук не можеше сам да ја победи Индијана. Асот на Оклахома сити постигна тројка со која го одведе мечот во продолжение, но во дополнителните пет минути доминираа гостите кои на крајот славеа со 111-115. Вестбрук го заврши натпреварот со трипл дабл (петти за него сезонава) од 31 поен, 15 асистенции и 11 скокови, што сепак беше недоволно за да се совлада тимот на Индијана, кој во последните десетина дена игра одлично по бавниот старт на сезоната.
НБА резултати:
Оклахома сити – Индијана 111-115 (по прод.), Бруклин – Портланд 109-129, Њујорк – Атланта 104-94, Денвер – Јута 105-91, Сакраменто – Торонто 102-99, ЛА лејкерс – Чикаго 110-118 (по прод.).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)